СВЕТОТ ВО ЧУДО: Откриен скелет на дете вонземјанин стар 2.000 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Скелет на момче со деформиран и издолжен череп е пронајдено на Крим, што дополнително ги подгрева теориите дека всушност се работи за остатоци од вонземјани.

Археолозите на оваа необично откритие наишле кај селото Јаковенково, на истокот на Крим. Се смета дека скелетот датира од вториот век, а дека самото момче било на возраст од околу година и половина.

Loading...

Поради специфичниот череп целото наоѓалиште ја добило титулата „вонземјанска гробница“. Сепак, изгледа дека постои објаснување и за оваа појава.

Многу култури практикувале вештачки да го менуваат и деформираат обликот на телото, а често тоа се правело над малите деца чиј череп е многу пофлексибилен. на тој начин припадницит ена заедниците се одвојувале по социјален статус.

Сармати, кои живееле на подрачјето на денешен Крим, ја негувале таа традиција, наведуваат археолозите. Покрај скелетот е пронајдена и бакарна наракбица, перли и грниња.

Секако, секогаш ќе има и такви кои ќе веруваат дека необичниот череп потепкува од вонземјани. Според една теорија која стекна популарност во 60-те години од минатиот век, вонземјанските суштества од одалечените планети ги посеале луѓето на Земјата за реме на големиот интергалактички експеримент.

Пронаоѓањето на вакви секелети би го потврдило сомнежот дека вонземјаните уште пред 2.000 години ја посетиле нашата планета.