Американката Кетлин Робертс тврди дека е мажена за духот на покојниот пејач Мајкл Џексон, како и дека живее во него, сака да јаде колачиња, но и дека е реинкарнација на Мерилин Монро.
Американката, која тврди дека е реинкарнација на Мерилин Монро, но и дека е мажена за духот на Џексон, открива како изгледа нивниот заеднички живот.
Прво, тој ја свршил со розов веренички прстен, а таа се согласила без размислување, по што се венчале. Необичната свадбена церемонија се одржала во удобноста на домот, во кадата во нејзината бања.
Духот на Џексон и реинкарнацијата на Мерилин биле во брак со Мартин Лутер Кинг, според Кетлин, за која повеќето луѓе на социјалните мрежи мислат дека измислува сѐ и дека не е ментално здрава личност.
Кетлин понатаму за медиумите рече дека духот на Мајкл и таа немаат сексуални односи, туку дека тој сака да го користи нејзиното тело за танцување, пеење и јадење, бидејќи не може да го стори тоа без неа, а тоа го сакал најмногу цел живот.
– Мајкл останува во мене цело време, па доаѓа во тоалет со мене и ги нарекува овие специјални моменти на нашата врска „тоалети“ – рече Кетлин.
Таа, исто така, откри што најмногу сака да јаде духот на кралот на попот:
– Тој сака да јаде во мене. Тој сака колачиња. Тој пцуе многу повеќе отколку што мислев кога бев негов фан.
Поради оваа изјава, многумина сфатија дека станува збор за фанатик, кој веројатно ја измислил целата приказна поради нејзината опсесија со својот идол и се увериле дека е вистина.
Имено, Кетлин тврди дека има натприродни моќи и способност да разговара со духови долго време. Кога запознава нови луѓе и ги споделува овие детали со нив, многумина мислат дека таа страда од шизофренија, но таа тврди дека тоа не е вистина, туку дека е талентирана.
Да потсетиме, Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година по случајно предозирање, на 50 -годишна возраст.