Таткото на бебето, Кори Доти, кој исто така се претставува ниту како машко, ниту како женско, туку за себе ја користи заменката „то“, вели дека истото сака да го направи и за своето осуммесечно бебе Сирил Атли.
Доти објаснува дека на своето бебе нема да му даде пол се додека не порасне доволно за да сфати и да го избере полот кој го сака.
Го прифаќам своето дете како бебе и се трудам да му ја дадам сета своја љубов и внимание, за да биде комплетна личност и целосно надвор од сите ограничувања во кои системот не става делејќи не на полови – вели Доти.
Loading...
Меѓутоа, борбата допрва започнува. Доти е самохран транс родител кој се обидува во Британска Колумбија да обезбеди неговото дете да добие бесполна здравствена книшка, која ја нема од ноември, кога е родено. Иако провинцијата тоа го одбила, сепак на минатиот месец му испратиле книшка за дете со ознака „U“ – undertermined (неопределено).
Адвокатот на доти објаснува за „Дејли Мејл“ дека само во Онтарио за сега постои официјална можност да се избере трета опција, но доколку на детето на крштеница би постоела таа опција отвора разни можности за дискриминација и насилство од омраза кон него од страна на неупатените луѓе.
Кори Доти сега со Трибуналот за човекови права во Британска Колумбија има спор во кој се обидува да докаже дека во цела Канада и Британија треба да постои опцијата „бесполност“, а владата на Канада во почетокот на годината го разгледуваше законот со кој во системот и официјално би била вметната таа опција.
(Телеграф.рс)