Светот го доби новиот најбогат човек

Сподели со своите пријатели

Илон Маск стана најбогатиот човек на светот, а неговото богатство надминува 185 милијарди долари, пишува Би-Би-Си.

Loading...

Лидерот на Tesla и Space X го зазеде првото место на скалата откако цената на акцијата на Tesla скокна вчера.

Досега првото место му припаѓаше на основачот на Амазон, Џеф Безос, кој го држеше тронот од 2017 година, пренесува Индекс.

Вредноста на компанијата на Маск за електрични автомобили, Тесла, се зголеми оваа година и во средата, за прв пат, достигна пазарна вредност од 700 милијарди долари.

Тоа ја прави компанијата повредна од Toyota, Volkswagen, Hyundai, GM и Ford заедно.

На веста дека стана најбогатиот човек на светот, Маск на Твитер напиша: „Чудно чувство“.

Во претходниот твит тој рече: „Приближно половина од моите пари се користат за решавање на проблеми на Земјата, а половина за изградба на самоодржлив град на Марс за да се обезбеди продолжување на животот во случај метеор да ја погоди Земјата како во ерата на диносаурусите или во случај да избие Трета светска војна и да се уништиме самите“.

Leave a Reply