Чудна светлина вчеравечер ги вознемири граѓани на Скопје кои споделуваа видеа на социјалната мрежа Твитер.
„Што се случува надвор“, напиша еден од корисниците споделувајќи снимка со чудна светлина на небото.
Што се случува надвор ?? pic.twitter.com/oUSjjP5re2
— k@mi (@kaamiii__) March 21, 2021
Но, набргу пристигнаа одговорите од останатите корисници. Хаварија на трафостаница во скопска Железара предизвикала пожар и експлозии кои во комбинација со снегот ја создаваа чудната светлина од далечина.
Друг корисник сподели снимка од момент кога се случила експлозијата.
Некој хаварија на далеководот pic.twitter.com/SnkAlmIZHv
— Ljupcho (@LjNaumov) March 21, 2021
Како што пренесоа дел од националните медиуми, паднато дрво предизвикало спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара.
Трета смена во железара pic.twitter.com/UcAAejlIuN
— masastolce (@masastolce) March 21, 2021
Во инцидентот нема повредени.