Светлана Бојковиќ и Весна Чипчиќ по 30 години повторно играа во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повеќе од 30 години, ѕвездите на југословенската кинематографија Светлана Бојковиќ и Весна Чипчиќ заедно со својот колега Милан Цаци Михаиловиќ, вчеравечер играа на сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово со претставата „Женски разговори“ на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедија“.

Loading...

Актерката Бојковиќ вели дека од нејзиното последно доаѓање во Куманово, пред околу триесетина години, до денес градот многу се сменил.

– Беше пријатно, приемот беше прекрасен, штета што не задеси короната, па салата не беше преполна, но колку што слушнав луѓето се интересирале, само што сега такви се околностите, но сеедно ни беше многу пријатно и тука сме по 30 години повторно во Куманово. Но, не го препознав градот колку е зголемен и колку се изградило така да пријатно сум изненадена колку е зголемен, слушнав дека сега имате над 100.000 жители, браво за Куманово, рече Бојковиќ.

Како што вели, задоволна е од реакциите на публиката, но физичката дистанца во салата ја отежнува интеракцијата во текот на претставата.

– Задоволна сум од реакциите на публиката, но салата е голема, па ни беа далеку поради физичката дистанца, нема да кажам социјална, затоа што не го сакам изразот социјална дистанца, тоа е нешто друго, а физичко е само физичкото одвојување, така да ни беа далеку оние последни редови, а ние сме навикнати да гледаме луе во очи, па и тие нас и тоа е буквално комуникација со публиката со нив да разговараме, но без разлика беше многу пријатно имавме аплаузи и во текот на претставата и на крајот убаво не поздравија, додате актерката позната по своите улоги во серијалите „Бољи живот“, „Среќни људи“ и многу други.

 

 

Loading...

Познатата Весна Чипчиќ, или сите нам позната како Елза од „Жикина династија“ вели дека истата претстава ја играле во Куманово пред 30 години, но и таа вели дека поради протоколите наметнати од пандемијата е тешко да се работи.

– Необично е, не е прв пат да играм претстава откако почна ова со маските, голема е салата и всушност тој контакт меѓу нас и публиката не беше каков што може да биде, од причина што секој сам седеше, но прекрасна публика и многу сум среќна што сме во Македонија. Да игравме сигурно има триесетина години, ги игравме „Женски разговори“ токму во Куманово. Тешко е да се игра во вакви услови, кога не можете со публиката да го остварите вистинскиот контакт, како всушност бара оваа наша професија, но некако ете полека се привикнуваме на овие нови услови и среќни сме што можеме барем и вака да одиграме, изјави актерката Чипчиќ.

На сцената во „Женските разговори“ им се приклучи колегата Милан Цаци Михаиловиќ кој вели дека секоја година гостува во Скопје и Куманово и наидува на одличен прием кај публиката и прекрасен пречек од колегите актери.

– Можете да замислите како ми е на мене со нив, бидејќи ова е 37 година како го играме овој текст на Душко Радовиќ, тоа се неодоливи приказни, смешни, како што беше и тој, тоа е еден живот 37 години, јас присуствува на различни животни случувања на моите колешки, се тече и еве не повторно овде пред навистина прекрасна публика, не ни беше тешко денес што патувавме, и ја имавме оваа вечер. За корона што да кажеме јас синоќа играв во театарот имаше малку гледачи, колку што може да има, но публиката не сака, но и ние сакаме она со што се занимаваме да и го покажеме на публиката, се надевам дека беа задоволни, изјави актерот.

 

 

Инаку ова беше претпоследна претстава на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедија“, кој в петок се затвора со претставата на Театар Куманово.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply