Свештеникот стана хит на свадба кај неговиот пријател: Прво ја спомна негоата сестра, а потоа ја откри шокантната вистина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дејвид Мозес (27), католички свештеник од Галвстон, Тексас, пред неколку дена на две минути ја „украде славата“ на свадбата на својот најдобар пријател Захари Харви.

Loading...

Имено, непосредно пред венчавката, решил да одржи краток говор при што го „прелистувал“ нивното минато и евоцирал спомени, што ги насмеало собраните во црквата до солзи.

Прво ја спомнал неговата сестра, а потоа и девојката во која двајцата биле вљубени.

 

 

– Многу сум благодарен што го познавам Захари и целото негово семејство, уште од мали нозе. Морам да кажам дека сестрата на Захари, Меган и нејзиниот сопруг Тајлер беа првиот пар кој јас го венчав. И ако одиме понатаму во минатото, Меган беше мојата прва љубов. Бев заљубен до мои уши во неа, уште во второ одделение во основно училиште. Тајлер, не грижи се, преболев, поминаа неколку месеци – рекол во воведот симпатичен и многу духовит свештеник, кој потоа го „нападнал“ Захарија.

– Со Захари бевме заедно на почетокот на средното училиште. Во тоа време бев во врска со една девојка околу еден месец, но таа ми раскина и започна врска со Захари. Да, да, така е, Захари ја киднапираше мојата девојка – додал свештеникот Дејвид.

Loading...

 

 

Тој додаде дека оттогаш планира одмазда и дека сега, 13 години подоцна, ќе ја саботира неговата венчавка, а со својот говор до тој степен ги развеселил луѓето што сигурно мислеле дека се на стенд-ап комедија.

Американските медиуми истакнуваат дека Мојсеј на чинот му пристапил кога наполнил 18 години, а верниците едноставно го обожаваат бидејќи на модерен начин и со многу извонреден хумор ги пренесува Христовите зборови.