Тиктокерката Бет Кори трогна многумина со видеото на кое свекрвата ја носи во ресторан со нејзиниот сопруг.
За нејзиниот роденден, парот решил да ја израдува со подарок што ќе го памети засекогаш.
И дадоа чанта од која најпрво ги извади омилените слатки. Потоа ја одвиткала книгата што му ја читала на својот син кога бил мал. Подарокот ја расплака и ги раскажа своите спомени од сликовницата што ја држеше во рака.
Но, таа не можеше да замисли што следеше. Во последното пакување имаше боди на кое пишуваше дека ќе стане баба.
„Денес ѝ беше роденден на мојата свекрва. Таа го чекаше овој подарок 17 години”, напишала Бет во описот на видеото кое собра повеќе од милион прегледи и повеќе од 164.000 лајкови.
„Ако не објавите видео од нивната прва средба по осум месеци, ќе го бришам TikTok“, се пошегува едно лице.
@bethcory Today was my mother in law’s birthday…. She’s been waiting for this present for 17 years 🥰 #pregnant #babycomingsoon #grandma #imnotcryingyouare ♬ original sound – BethCory