Сведоци на одбраната сведочеа за Диво насеље

Сподели со своите пријатели

Денеска продолжи судскиот процес за случајот Диво насеље на кое сведочеа седумина сведоци на одбраната на обвинетите за тероризам.

Првиот сведок Игор М. Вработен во Министерството за внатрешни работи, дал исказ по барање на обвинетиот Арсим Бајрами кој има 34 години, жена и две малолетни деца. Игор бил колега со обвинетиот и посочил дека се виделе на 9 мај и дека тоа утро  и тоа во кумановското село Речица каде и позборувале на кратко. Во разговорот обвинетиот Барами рекол дека оди во полициската станица затоа што бил повикан да се врати од своето боледување. Сведокот во 2005 и 2006 бил командир на обвинетиот кој потврдил дека Бајрами без проблеми си ги извршувал сите задачи.

Вториот сведок бил Момчило Ц. Вработен во средно кумановско училиште, а во судот дал исказ во одбраа на Ирфан Љутвиу кој има 36 години и две малолетни деца. Во исказот појаснил дека обвинетиот му бил бербер и дека последен пат како муштерија го посетил на 3 мај, а неговиот син вечерта пред нападот во Тоде Мендол и потенцира дека обвинетиот бербер работел до доцна навечер и немал време да се занимава со организирање на терористички напад.

По покана на обвинетиот Мусадик Бајазити сведочеше и Саити С. со кој биле колеги и работеле во Општина Липково, каде обвинетиот бил портир. Сведокот истакнал дека недела пред настаните со обвинетиот биле на работа и организирале стража по настаните во караулата Гошинце.

На покана на 47годишниот Бесник Ајдини се појавија неколку сведоци кои во своите искази рекле дека со обвинетиот се виделе ден пред нападот и поминале поголем дел од денот заедно и дека обвинетиот за тоа време се однесувал вообичаено и не разговарал со никој по телефон. Ајдини е женет и има четири малолетни деца, завршил средно образование и повремено извршува приватни работи.

Судењето продолжува во петок кога ќе бидат сослушани и обвинетите.