Свечено отворена Младинската Олимпијада (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, вчевечер официјално беше отворен најголемиот мултиспортски настан досега одржан во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) Скопје 2025.

Loading...

Со импресивен и емотивен почеток, официјално започна седумдневната спортска и културна манифестација (која се одржува од 20 до 26 јули), која ги здружи младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, пријателство и солидарност.

 

 

Церемонијата започна со уметнички настап на четири тапанари од Скопскиот оркестар Drumroll и вокалистката и харфистка Сара Мејс, кои ги споија традиционалните звуци со модерниот музички израз во жива комбинација од ритам, движење и визуелна уметност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одите на одмор? Внимавајте на овие казни! „Ситници“ кои можат да ве чинат до 2.000 евра!

Потоа следеше националната химна на Македонија, изведена во живо од Хорот на Националната опера и балет, придружена со кревање на националното знаме.

 

Loading...

 

Еден од најважните моменти на вечерта беше Парадата на народите, за време на која спортистите од сите 50 делегации учеснички – вклучувајќи го и тимот за бегалци на EOC – гордо маршираа низ арената со своите национални знамиња, носејќи пораки за единство и заедничка европска иднина.

Делегациите добија топол аплауз и срдечен добредојде од публиката.

 

 

Воведниот говор го одржа Спирос Капралос, претседател на Европските олимписки комитети, кој ја нагласи улогата на EYOF во промовирањето на младинскиот спорт и културната размена.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кошаркарските репрезентации на Македонија денеска ќе се натпреваруваат во Куманово

„Овие Игри се повеќе од само медали – тие се за учење, поврзување, споделување и живеење на олимписките вредности: извонредност, пријателство и почит. За многумина од вас, ова може да биде вашето прво големо меѓународно искуство, но она што ќе го понесете се пријателствата, спомените и чувството на припадност кон едно големо европско олимписко семејство“, рече Капралос.

Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, потоа се качи на сцената и официјално го прогласи EYOF за отворен.

„Голема чест е за нашата земја да биде домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал, кој собра околу 4.000 спортисти кои го претставуваат најдоброто од сегашноста и гарантираат светла иднина за европскиот и глобалниот спорт. Овој фестивал е многу повеќе од натпревар – тој е симбол на младоста, спортскиот дух и единството. Тоа е можност за нашата земја да покажеме дека сме љубезни домаќини, дека имаме спортски дух и дека сме подготвени да ги пречекаме сите со отворени срца. Верувам дека сите учесници ќе си заминат со силни впечатоци, нови пријателства и вредности што ќе ги носат со себе за цел живот. Со голема чест, го прогласувам Европскиот младински олимписки фестивал официјално за отворен“, рече претседателката Силјановска Давкова во своето обраќање“, рече претседателката Силјановска Давкова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со натпреварот Франција - Латвија започна Младинската Олимпијада во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

 

 

Натпреварите од денеска ќе се одржуваат паралелно во Скопје, Куманово и Осиек, Хрватска.