Свечена Светосавска академија во Куманово

Сподели со своите пријатели

По повод националниот празник на Србите во Македонија, Регионалниот одбор на Српската заедница во Куманово на 26 јануари во кумановскиот театар организира Свечена Светосавска академија.

Пред присутните ќе се обратат гости од Република Србија и Македонија, а веднаш потоа ќе следува Традиционална музика од Балканот во изведба на Даница Крстиќ, Беседа на мајката на Свети Сава во изведба на Народниот театар од Белград, Наташа Диденко, Александра Коцевска и Глигор Гелебешев ќе изведат точка со српски изворни песни, а за самиот крај ќе следува настапот на членовите на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово.

Настанот ќе започне во четврток со почеток во 19 часот.