Фолорунсо Алаки, една од најбогатите жени во светот чие богатство се проценува на повеќе од 1,7 милијарди евра, венчавката на својот син Фоларин ја направи една од најраскошните во светот.
Фоларино се оженил со иранската убавица Назанин Јафарин во палатата Бленхеим во Оксфордшир, а се проценува дека на венчавката биле потрошени околу 5,3 милиони евра.
https://www.instagram.com/p/BVMtNE0jsvK/
Loading...
Салта била декорирана со дури милион бели рози, раскошната торта украсена со стотици рози, а гостите ги забавувал Робин Тик, кој за настапот добил 168.000 евра.
На мермерниот под биле изгравирани нивните иницијали во злато, што чинело 221.000 долари. Гостите уживале во навкусните деликатеси како тартуфи, печени јајца, цвеќе за јадење, шампањско.
https://www.instagram.com/p/BVNXGTnDkZB/
Семејството на роднините и пријателите од нивната родна Нигерија им платиле пат и сместување, а ист третман имал и Робин Тик на кој му го платиле патот од САД, пишува „Дејли Мејл“.
Фолорунсо Алаки богатството го стекнала на нафтените полиња, а „Форбс“ ја прогласи за 14та најбогата жена во Африка, како и најбогата во Нигерија. На листата најмоќни жени во светот се наоѓа на 80 позиција.
https://www.instagram.com/p/BVK5OO-DiZ0/
Невестата во јавноста е позната по кратката врска со братот на Ким Кардашијан. Фоларино веќе претходно бил женет и од тој брак има ќерка, а сопругата пред шест години починала од рак.
https://www.youtube.com/watch?v=WSqa0X9SdSY