Сува трева вчера горела на две локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден бележат две интервенции на запалена сува трева во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била на запалена сува трева и смет кај градските гробишта и во населбата Перо Чичо. Вкупно седум пожарникари со три противпожарни возила се страпувале со огнот во период од 12:20 до 13:30 часот.

Втората интервенција во која учесвувале тројца пожарникари со едно возило била во атарот на селото Табановце, каде се запалила сува трева. Припадниците на ТППЕ Куманово интервенирале во период од 15:30 до 17:30 часот.

 

Loading...