Сува трева горела во село Тромеѓа

Сподели со своите пријатели

Сува трева завчера се запалила во атарот на селото Тромеѓа, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот избувнал во вечерните часови, односно нешто пред 22 часот, кога и пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово излегле на терен. Интервенцијата траела 45 минути, по што огнот бил локализиран.

Причините за избувнување на пожарот се непознати.

Leave a Reply