Суплементи запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1,5 литри диететски суплемент Venovin, 130 дози од 1 ml суспензии за инекции Lemod – depo 40mg/ml, 20 дози од 1 ml раствори за инекции Tetagam 250i.j./1ml- Tetanus, 150 дози од 0,3 ml капки за очи Saflutan 15mg/ml и 60 таблети Sintrom 4mg, биле откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на
граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените производи, за кои е потребна и посебна дозвола за увоз во државата, како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, биле пронајдени во фабрички прегради во потпирачите за раце помеѓу предните седишта и на задното седиште.

Истите биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Leave a Reply