Кошаркарите на Куманово попладнево го започнуваат настапот во Супер лигата. На гостински терен ќе се обидат да извојуваат победа врз составот на МЗТ Скопје кој е минатогодишен шампион.
Натпревари од овој тип секогаш се исполнети со неизвесност, па попладне во Јане Сандански со почеток во 17:45 часот, не очекува интересен и возбудлив натпревар.
Куманово и МЗТ имаат богата историја на меѓусебни дуели во плеј оф завршниците од сезоните, а имаат играно и финале.
Во регуларниот дел од сезоната МЗТ заврши на третата, а Куманово на четвртата позиција. Во двата одиграни натпревари избраниците на Александар Петровиќ претрпеа пораз од „штрковите“ и на домашен и на гостински терен.