Кошаркарите на Куманово утревечер со почеток во 19 часот на домашен терен го пречекуваат составот на Кожув од Гевгелија, меч со кој ќе започнат натпреварувања од кошаркарската Супер лига на Македонија.
Освен КК Куманово дел од Супер лигата ќе бидат и екипите на Кожув, Фени Индустри и Работнички, ќе се приклучат и Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром.
Како првопласиран тим од претходниот дел од натпреварувањата Фени Индустри ќе игра со МЗТ Скопје, Карпош Соколи со второпласираниот Работнички, и трето ичетвртопозиционираните КК Куманово – КК Кожув.
По одиграни 10 натпревари ќе се знаат и четирите најдобри кои ќе се борат за шампионската титула.