Сугарески: Рехабилитацијата на патот Куманово – Страцин тече согласно динамиката (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рехабилитацијата на патниот правец Куманово – Страцин тече согласно динамиката, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, откако со премиерот Оливер Спасовски, направија увид во градежните работи.

Loading...

Проектот чини 7,2 милиони евра, а со добиени обезбедени средства од ИПА фондовите ќе се заврши целосниот патен правец.

– И од надзорот и од изведувачите бевме информирани дека овој проект тече согласно динамиката, и покрај тоа што е предвиден рок до јануари месец, очекувањата и нивни и наши се дека овој проект ќе биде целосно завршен и претходно. Овој проект чини 7,2 милиони евра. Добиени се средства и од ИПА за преостанатите 15 километри така да овој пат целосно ќе чини околу 14 милиони евра, изјави Сугарески.

 

 

Во завршна фаза е и патот од Ранковце до Крива Паланка, како и експресниот пат од Крива Паланка до Граничниот премин Деве Баир.

– Така да имаме целосно поврзување на коридорот 8 и апсолутно сметам дека во овој нареден период од неколку месеци или една година ќе имаме целосно поврзување со бугарската страна. Голем број на регионални патни правци се направени во овој период во овој регион во кумановскиот, така да очекуваме со завршување на овој патен правец, целосно ќе биде завршен делот во патната инфраструктура, изјави Сугарески.

Loading...

 

 

Според министерот, се работи и на голем дел проекти од комуналната мрежа, при што се реализирани проекти во сите општини, вклучително и кумановскиот регион.

– Се надевам дека во најбрз можен период онаа ниско ниво на инвестиции кое што беше посебно во делот на канализација и водоводи кое во овие три години драстично го кренавме и тоа не само во руралните средини, туку и во урбаните, жално е што е 21 век, а зборуваме за водовод и канализации, меѓутоа таа беше фактичката состојба во изминатите 30 години, многу малку во тој дел имавме реализација, рече министерот за транспорт.

 

 

Loading...

Како што додаде тој, сите проекти кои се реализираат преку министерството се во силна динамика, а екот на градежната сезона дозволува за 6-7 месеци голем дел од тие проекти да бидат и завршени.

 

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/264919747936475/

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply