Судот во Сан Салвадор осуди жена, која имала итна акушерска интервенција за да ја прекине бременоста, на 30 години затвор под обвинение за тешко убиство, објави невладината организација која и помага во одбраната, пренесува АП.
Група граѓани за декриминализација на абортусот преку соопштение наведуваат дека жената која е идентификувана само како „Есме“ е осудена во понеделникот.
Новото раководство во Херсон планира да бара припојување кон Русија
Жената е во истражен притвор две години откако беше уапсена, откако побарала лекарска помош во државна болница.
Невладината соопшти дека „судијата постапила пристрасно“ и најави дека ќе се жали на пресудата, пренесува АП.
Новото раководство во Херсон планира да бара припојување кон Русија
Во Ел Салвадор е на сила целосна забрана за абортус, а голем број жени се уапсени и осудени на затвор по абортуси кои биле пријавени кај властите, наведува американската агенција.