Судот во Кина одлучи: Сопругот ќе мора да ѝ плати за домашните работи што ги вршела за време на бракот

Сподели со своите пријатели

Судот во Пекинг, кој се занимава со бракоразводни парници, му наредил на мажот да и плаќа на жената за домашните работи што ги вршела за време на бракот, пренесуваат светските медиуми.

Loading...

Според Би-Би-Си, според пресудата, жената ќе добие 7.700 долари за пет години неплатена работа. Пресудата привлекла големо внимание во јавноста и започнала дебата на Интернет за вредноста на домашните обврски, а некои сметаат дека оваа бројка е прениска.

 

 

Според судските записи, мажот со презиме Ченг минатата година поднел барање за развод од сопругата Ванг, а парот се венчал во 2015 година. Отпрвин, таа не сакала да се раздели, но потоа побарала финансиски надомест, тврдејќи дека Ченг не и давал поддршка кога станува збор за домашните работи и обврски околу нивниот син.

Судот пресудил во нејзина корист и му наложила на мажот да плаќа алиментација по 309 долари месечно.

 

Loading...

 

Оваа одлука на судот е резултат на новата донесена регулатива, која стапи на сила оваа година. Според законот, на брачниот другар му е дозволено да бара надомест на штета за време на развод, ако има поголема одговорност во воспитувањето на детето, грижата за постарите роднини и помагањето на партнерите за време на нивната работа.

Пред тоа, сопругот и сопругата кои се разведуваат можеа да го побараат само ако првично беше потпишан предбрачен договор, што е реткост во Кина, додава Би-Би-Си.

Leave a Reply