Судот во Германија ја потврди обврската за вакцинација против мали сипаници

Сподели со своите пријатели

Германскиот Уставен суд денеска ја потврди одлуката за задолжителна вакцинација против мали сипаници за децата, одлучувајќи против тужбата на родителите, пренесува Ројтерс.

Loading...

Во својата конечна одлука за ова прашање, Сојузниот уставен суд на Германија во Карлсруе рече дека иако обврската ги нарушува правата на децата и нивните родители, таа е оправдана со високиот ризик од инфекција со сипаници и потенцијалот за сериозна болест, според британскиот агенција.

Со цел подобра заштита од силно заразната сипаница, од почетокот на март 2020 година вакцинацијата е задолжителна за децата во градинките и училиштата во Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставничкиот дом не го усвои републиканскиот предлог за финансирање на американската влада

Пред уписот родителите треба да достават потврда за имунизација, а исклучокот важи само за оние деца кои не можеле да се вакцинираат од медицински причини, пренесува Танјуг.