Црквата на летачкото шпагети чудовиште, чии следбеници се нарекуваат Пастафаријанци, ќе мора да остане непризнаена секта за обожавателите на тестенини во Австралија, бидејќи судот пресуди дека, благо речено, сатиричната религија е недостојна за формално признавање.
Жителката на Аделаида, Тања Ваткинс, високо рангирана Пастафаријанка, неколку пати се обидела да го обезбеди официјалниот статус на црквата на летачкото шпагети чудовиште, но без успех.
Очигледно уморна што нејзиното божество тестенини постојано не се почитува, таа поднела жалба, инсистирајќи на тоа дека Црквата на летачки шпагети чудовиште е основана за „верски, образовни, добротворни или хуманитарни цели“ и ги исполнува стандардите за официјално признавање пропишани со Законот за обединување на Јужна Австралија.
Презентирајќи ги своите аргументи, Воткинс се осврна на бројни добротворни акции организирани од ова необично здружение на граѓани, пред се за дистрибуција на бесплатни оброци.
Сепак, Граѓанскиот и административниот суд на Јужна Австралија не го прифати нивниот аргумент.
Трибуналот донесе одлука дека движењето, кое себе си се нарекува „религија“, го опишува како „измама“ и „лага“ недостојна за официјален статус.
„Пастафаријанските текстови не претставуваат религиозни текстови, а пастафаријанизмот не ги исполнува објективните критериуми потребни за утврдување на верската цел според законот“, се вели во пресудата, додавајќи дека „нема докази за систематски процеси на учење и настава“.
Судот го доведе во прашање и тврдењето дека австралиските Пастафаријани биле вклучени во „масовни добротворни акции“.
Пресудата беше донесена на почетокот на оваа година, но беше објавена само неодамна на интернет.
Во изјава за АБЦ, Воткинс рече дека одлуката на судот е „прилично разочарувачка“, истакнувајќи дека формалното признавање на владата ќе овозможи поголема контрола на нивните активности и ќе ги направи нивните активности потранспарентни.
Таа ги отфрли обвинувањата дека нивната религија е „измама“ и инсистира на тоа дека има „група луѓе кои вистински веруваат во пастафаријанизмот и дека тоа може да го промени животот на луѓето на подобро“.
Пастафаријанизмот потекнува од 2005 година, откако во отворено писмо до Одборот за образование во Канзас на шега се сугерираше „Летечкото шпагети чудовиште “ да се учи на часовите по наука, заедно со креационизмот.
Од своето основање, црквата имала неколку различни активности во постигнувањето признание.
Кога се обидеке да добијат официјален статус во Германија, се соочиле со блокада на патот, но следбениците на Пастафаријанизмот успеале да добијат официјални признавања во неколку американски држави, па дури и Русија.
Во 2016 година, Пастафаријанците во Нов Зеланд ја одржаа својата прва церемонија за склопување брак.