Судот на Фиџи одобри САД да ја заплени суперјахтата на рускиот олигарх

Сподели со своите пријатели

Судот на Фиџи денеска пресуди дека САД можат да запленат суперјахта во сопственост на руски олигарх, објавија медиумите 21 ден откако луксузниот брод Амадео пристигна во оваа островска држава на Тихиот Океан, по што беше задржан од локалната полиција.

Loading...

Американските власти тврдат дека „Амадеа“ е во сопственост на рускиот олигарх Сулејман Керимов, кој е под санкции на САД и Европската унија, пренесува Ројтерс.

 

Украинската армија објави колку руски војници досега се убиени

 

Работната група „Клепто Капчер“ на американското Министерство за правда се фокусираше на запленување на јахти и друг луксузен имот во сопственост на богати Руси со цел да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната во Украина со запленување на имотот и парите на руските олигарси.

Високиот суд на Фиџи одлучи да го одобри американското барање за заплена, објави медиумската куќа Fiji Broadcasting Corp.

 

Loading...

Градоначалникот на Мариупол: Повеќе од 200 цивили сѐ уште се кријат во фабриката за челик

 

Адвокатите кои ги застапуваат интересите на сопственикот на јахтата од канцеларијата на Ханиф Туитога не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар, но медиумите објавија дека адвокатите на сопственикот на јахтата Амадеа потврдиле дека ќе бараат привремен престој за да спречат одвлекување на бродот.

Луксузниот брод „Амадеа“ пристигна на Фиџи минатиот месец по 18-дневно патување низ Пацификот од Мексико.