Израелската војска употребила солзавец и гумени куршуми за време на конфликтот со Палестинците кои во Витлеем протестирале против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим како престолнина на Израел.
Млади Палестинци во Витлеем, град на западниот брег, граѓале со камења кон израелски војници за време на протестите, пренесува РТ и наведува дека допсиникот на РИА бил повреден во конфликтот.
Од друга страна, Спутњик тврди дека нивниот дописник бил повреден во акција на израелската полиција.
Одлукат ана Трамп да го признаат Ерусалим како престолнина на Изрел предизвика протести ширум Западниот брег, источен Ерусалим и појасот Газа, како и демонстрации ширум светот.
Во меѓувреме Белата куќа соопшти дека е штета што Палестинците не сакаат состанок со потпретседателот на САД Мајк Пенс, кој наскоро ќе го посети регионот.
– Штета е што Палестинската народна управа не сака можност да разговара за идните напори за постигнување мир помеѓу Израелците и Палестинците, а нашиот мировен тим и натаму грижливо работи на склопување на планот, соопштил портпаролот на Пенс, пренесува Ројтерс.