Судир на воз и автомобил во Куманово – еден повреден

Сподели со своите пријатели

Едно лице е повредено откако вчера во кумановско се случила сообраќајна незгода помеѓу товарен воз и автомобил.

Loading...

– На 12.08.2020 во 00.45 часот било пријавено дека на Железничката станица Табановце и Железничката станица Куманово, на патен премин кај село Лопате, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце – Гевгелија и патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(47) од с.Оризаре, Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply