Судир на „мерцедес“ и возило на МВР во Липково: Осум лица повредени

Сподели со своите пријатели

Осум лица се здобиле со повреди, меѓу кои и полициски службеници при судир на „мерцедес“ и возило на МВР, во липковско Белановце.

Loading...

– На 08.01.2024 во 17.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, атар на село Белановце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(62) од село Арачиново-скопско, и возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, управувано од О.С.(43) од село Облавце – кумановско, информираат од полицијата.

Во незгодата, како што додаваат од МВР, со телесни повреди се здобиле А.Б., О.С., како и уште  тројца полициски службеници кои биле во возилото „дачиа“ и уште три сопатнички од патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници од Куманово допирале по тело своја врсничка

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски