Едно лице се здобило со потешки телесни повреди откако вчера во Куманово се случил судир помеѓу двајца мотоциклисти.
Loading...
– На 20.08.2020 во 16.15 часот било пријавено дека во Куманово, на булеварот „Октомвриска револуција“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „генерикс“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.М.(23) од Куманово и мотоцикл „пијаџо“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(52) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.А., констатирани во Медицинскиот центар Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски