Судир на аеродромот ов Кабул, еден загинат

Сподели со своите пријатели

Судир меѓу авганистанските безбедносни сили и непознати напаѓачи избувна денеска на северната порта на аеродромот во Кабул, објавија германските вооружени сили на Твитер.

Еден припадник на авганистанските безбедносни сили загина, а тројца се повредени во конфликтот, во кој учествуваа и припадници на НАТО и германските сили, објави Бундесверот, пренесува Ројтерс.

За сите војници од Бундесверот се вели дека не се повредени.