Судир меѓу полицијата и Исламската држава во Турција, повредени седум полицајци

Сподели со своите пријатели

Бунтовниците на Исламската држава (ИСИС) пукаа во полицијата за време на рација во северозападна Турција, објавија утрово безбедносни извори.

Полицијата започна операција против ИСИС во куќа лоцирана на патот кон селото Елмалик, јавува агенцијата Анадолу.

Седум полицајци беа повредени во судирот меѓу полицијата и бунтовниците, а дополнителни единици за специјални операции беа испратени од покраината Бурса за да продолжат со акцијата.

Властите соопштија дека повредените полицајци се однесени во болница и се во добра состојба.

ИСИС изврши повеќе смртоносни напади во Турција во последните години, вклучително и пукање во ноќен клуб во Истанбул за време на новогодишните прослави на 1 јануари 2017 година, во кое загинаа 39 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија (ВИДЕО)