Судењето за Диво насеље на пауза до септември

Сподели со своите пријатели

Судскиот процес Диво насеље заминува на летен одмор. Последното рочиште за судењето се одржа вчера, а следното ќе продолжи од септември, кога исто така ќе се одвиваат зад затворени врати поради сослушувањата на заштитените сведоци.

Паузата од еден месец била одредена во договор меѓу странките во постапката, од една страна, и судечкиот совет, од друга страна, а следното рочиште е закажно за 6 септември.

Инаку судскиот процес е започнат во февруари, а оттогаш прекинуван неколку пати, па потоа повторно започна од почеток откако беше споен со случајот „Молња“ каде се обвинети лица за логистичка поддршка на напаѓачите кои на 9 и 10 мај минатата година го извршија нападот во кумановската населба Тоде Мендол.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...