Суданските генерали се согласија на состанок со цел да се воспостави прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Суданските генерали Абдел-Фатах Бурхан и Мохамед Хамдан Дагал се договорија да одржат состанок како дел од напорите за воспоставување прекин на огнот и иницирање политички преговори за ставање крај на војната во земјата, соопшти денеска регионалниот блок Меѓувладината управа за развој (ИГАД).

Loading...

Ниту една страна, сепак, сè уште не го потврдила ова, пренесува АП.

На состанокот на лидерите на Меѓувладината управа за развој (IGAD), група земји од Источна Африка, двајцата судански генерали се согласија на „безусловно примирје и решавање на конфликтот преку политички дијалог“ и одржување „состанок еден на еден “, соопштија од регионалниот блок.

Во соопштението не се наведува кога и каде ќе се сретнат двајцата генерали, но советникот на претседателот на Џибути, Алексис Мохамед, на социјалната мрежа Х објави дека суданските генерали се согласиле да се сретнат во рок од 15 дена „за да го отворат патот за серија мерки за градење доверба“, што на крајот би довело до политички преговори за ставање крај на конфликтот во Судан кој ескалираше во средината на април.

Бурхан, кој претседава со владејачкиот Судански суверен совет, присуствуваше на состанокот во саботата во Џибути, кој претседава со споменатиот африкански блок, додека Дагало разговараше со водачите на ИГАД по телефон.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го поздрави договорот на суданските генерали на состанокот и ги повика да се придржуваат до обврските и да влезат во преговори без одлагање, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Конфликтот во Судан избувна кога тензиите меѓу началникот на армијата генерал Абдел-Фатах Бурхан и генералот Мохамед Хамдан Дагал, командант на паравоените сили за брза поддршка, ескалираа во отворени борби во главниот град Картум и низ целата земја во средината на април.

Според ОН, повеќе од шест милиони луѓе оттогаш биле протерани од своите домови, вклучително и 1,2 милиони кои побарале засолниште во соседните земји.

Loading...