Секое прваче во општината Старо Нагоричане запишано во учебната 2023/2024 година ќе добие субвенции во износ од 3.000 денари.
Loading...
Ваква одлука донел Советот на Општина Старо Нагоричане, откако слична беше изгласана и во Куманово.
Субвенционирањето ќе се врши по доставен список со обезбедени податоци за родител/старател на ученикот од страна на општинските основни училишта на територијата на Старо нагоричане.
Како што информираат од општината, на секое прваче ќе му бидат исплатени средства во висина од најмногу 3.000 денари.
За секое запишано прваче во оваа учебна година субвенции ќе доделува и Општина Куманово, во износ од 2.000 денари.
Никола Ивановски