Студентка починала во натпревар за брзо јадење палачинки
On:
Сподели со своите пријатели
Дваесетгодишната студентка починала на американскиот универзитет во Конектикат, така што се задушила на натпреварување за брзо јадење палачинки.
Несреќниот настан се случил минатата година, а семејството на починатата Кетлин нелсон во понеделник поднела тужба против Универзитетот.
– Девојката започнала да се дави и една од студентките по медицина на натпреварувањето тоа го забележала. Ја фатила и лесно ја спуштила на земја, рекла полицијата минатата година за медиумите.
Организаторите се обиделе да и го ослободат дишниот пат на девојката, но не успеале да ја спасат. Во тужбата се наведува тврдењето на полицијата дека нејзините уста биле „затрупани со палачинки, скоро до забите“.
Таа најпрвин била згрижена во болница, а потоа префрлена во Њујорк, во Медицински центар на Колумбискиот универзитет, каде починала неколку дена подоцна.
На аутопсијата било утврдено дека студентката починала од гушење поради прекин на дишниот тек.
Со тужба од Универзитетот се бара парична отштета, но и да се крене свеста за опасносноста од американските натпреварувања во јадење.
– Оваа натпреварување очигледно е поопасно од што мислат луѓето, а особено за образовните институции да разберат дека одредена храна е побезбедна од другите и дека со подобо предвидување буквално може да се спаси живот, рекла адвокатката.