Интервентната полиција во Париз ги растерала студентите кои се обиделе да го заземат Универзитетот во Саброна, во рамките на протестите против реформите кои ги спроведува претседателот на Франција Емануел Макрон, пренесува АП.
Се наведува дека универзитетот објавил дека денеска од безбедносни причини ќе биде затворен дел од објектот кој се наоѓа на левиот брег, по вечерашната полициска операција.
АП наведува дека 200 студенти биле евакуирани, а потоа неколку стотина се собрале пред универзитетот и упатувале повици до полицијата, но инцидентот завршил мирно.
Тоа подрачје беше епицентар на студентските протести пред 50 години, од мај 1968 година, кои се смеаат за клучен момент во новата француска историја.
Се наведува дека сега студентите на кампусите ширум Франција протестираат против реформите затоа што стравуваат деа тоа го загрозува пристапот до јавните универзитети на сите матуранти од средните училишта.
АП наведува дека денеска продолжува штрајкот и на француската железница, исто така насочен против мерките на Марн, поради што се блокирани две третини од возовите во Франција.