Тоа е седмиот ден од инвазијата на Украина. Руски воздушни трупи слетаа во Харков во вторникот вечерта, соопшти украинската војска, повикувајќи се на тековните борби во источна Украина.
Loading...
Страшни приказни доаѓаат од Харков.
Индискиот студент по медицина Навен С Гјанагудар бил убиен во вторникот во гранатирањето на Хркива набргу откако го напушти засолништето каде што се криел.
Отишол да купи храна, пренесува Би-би-си.
Еден од неговите пријатели рече дека Навин разговарал со него непосредно пред неговата смрт.
Илјадници индиски граѓани сѐ уште се во Украина и чекаат евакуација по инвазијата на руските војници.
Индија започна операција за враќање на своите граѓани дома, но се соочува со логистички пречки.