Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претежно на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот понекаде со слаб дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер (на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 13 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 7 степени целзиусови.
Во следните денови, како што додаваат од УХМР, ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег.
Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата.
Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.
Никола Ивановски