Студени училници, замрзната вода и мраз по тротоарите до кумановските училишта

Сподели со своите пријатели

Скратени часови , водата замрзнала во училиштата, а снегот и мразот е нерасчистен пред и околу училиштата во Куманово.

Родителите реагираат велат дека е потенцијална опасност како за учениците така и за родителите кои ги водат децата на школо.

Водата е замрзната и ни кажаа дека ќе бидат скратени часовите, мраз и снег нема каде да се движиме , сега фрлаа и сол но треба да бидат многу внимателни децата – вели родител.

Родителите од Магдалена Антова од населба Карпош реагираат и велат дека децата второто полугодие го започнале во студени училници. Директорот на Магдалена Антова, Жарко Димитриевиќ вели дека имале проблеми со системот за греење.

Екипата за поправка работи и ќе биде санирано за наставата во втората смена да започне во топли училници – вели Димитриевиќ.

Според информациите на раководителот на секторот за образование, Жико Крстевски, наставата во второто полугодие започнала навремено во сите училишта.

Имавме технички проблеми со пукање на хидрантите за вода во основните училишта Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков, но сега е санирано и без проблем е започната наставата – изјави Крстевски.

Претпладнево екипи на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ започнаа со целосно расчистување на мразот и снегот од тротоарите со приоритет околу средните и основни училишта.

 

Loading...

 

Во Куманово во второто полугодие според Крстевски настава ќе следат 16 250 основци и 5 256 средношколци.