Струмичанец приведен во Куманово: Возел патници без лиценца

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен жител на Струмица бил приведен од кумановската полиција оти возел патници без за тоа да поседува лиценца.

Loading...

– На 25.07.2023, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ј. (39) од Струмица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, тој бил затекнат како во возило комбе „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки врши меѓународен превоз на патници без да поседува лиценца од Министерство за транспорт и врски.

М.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

Никола Ивановски