Струмичанец баран за затворска казна приведен на Табановце
On:
Сподели со своите пријатели
Рано утринава околу 03,45 часот на Полициската станица за Граничен премин Табановце, на влез во Република Македонја, при извршена пасошка контрола констатирано е дека А. А. (29) во селото Радово – струмичко евидира во СТОП-Листа и е предмет на потрага по телеграма од 25.11.2016 година доставена од МВР-СМПС- ОП за издржување казна затвор во траење од четири месеци за сторено кривично дело по член 297 став 1 од К.З. на Р.М.
Лицето било приведено и во 06,00 часот со потврда за предавање на лице, лицето било предадено на УПС од СВР Куманово, за понатамошна постапка.