„Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра“, рече денеска на прес кофенреција Милена Строимановска од Општинската организација на СДСМ Куманово.
Со овој најнов КОВИД пакет, како што вели Строимановска, се опфатени повеќе субјекти меѓу кои најпогодени луѓето од културата и самостојните уметници кои се институционално невработени, а спаѓаат во дејноста култура.
– Оваа е помош која секако ќе биде добредојдена, а во зависност од понатамошната состојба ќе се предвидат и дополнителни средства. Средствата ќе бидат наменети за: естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари); 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение; финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари; финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеа за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари, изјави таа.
Како што појаснува, помош од 14.500, 18.000 или 21.500 денари ќе добијат и самостојни уметници, филмски работници, уметници и културни работници, во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура.
Никола Ивановски