Строги мерки ќе бидат неопходни поради бранот што доаѓа, вели германскиот министер

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска оцени дека треба да се размислува за построги мерки за ограничување на контактите меѓу граѓаните и зголемување на бројот на вакцинирани со трета доза против корона вирусот.

Loading...

Германскиот канцелар Олаф Шолц во петок треба да разговара со претставниците на локалните власти за одговорот на ширењето на омикронската варијанта на корона вирусот.

Ќе бидат неопходни построги мерки поради силниот бран што доаѓа, изјави Лотербах, пренесува Ројтерс.

Во декември, бројот на нови случаи на зарази во Германија почна да се намалува, бидејќи беше воведена обврската за поседување докази за вакцинација за бројни активности во затворен простор, но таа повторно почна да расте минатата недела.

Денеска се регистрирани речиси 59.000 нови случаи, што е за 47 отсто повеќе од пред седум дена.

Вирусот однесе уште 346 животи, убивајќи скоро 113.000 луѓе во Германија од Ковид-19.

Лотербах рече дека сака повеќе од 80 отсто од граѓаните кои биле вакцинирани двапати да ја добијат третата доза, што би била околу 56 отсто од населението, „бидејќи тоа е најдобрата заштита од варијантата омикрон“.

Во Германија, 71 отсто од населението примиле две дози од вакцината, а 39 отсто ја примиле третата доза.

Loading...

Лотербах оцени дека сегашните рестриктивни мерки значат дека луѓето имаат 50 проценти помалку контакт отколку пред да избие пандемијата.