Стравот од тероризам ќе ги зајакне мерките на МВР во наредните денови

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници ќе превземе низа безбедносни мерки и активности, согласно сoодветните оперативни планови за работа, за непречено одвивање на истите, како и во насока на заштита на јавниот ред и мир, и безбедноста на објектите и на граѓаните.

Со оглед на глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија, а вклучително и масовните собирања на граѓани, од страна на терористичката ИСИЛ, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата, стои во соопштението на МВР.