Стравичен злочин ја потресе Америка: Убиена мајка на пет деца, убиецот сам си пресудил!

Сподели со своите пријатели

Страшно злосторство ја потресе Америка. Кристен Слак (45), медицинска сестра од Шерцо, Тексас, беше убиена на тревникот пред нејзиниот дом.

Loading...

За трагедијата да биде уште поголема, Кристен ја убил нејзиниот дечко, 46-годишниот Тод Данхоф, кој потоа сам си пресудил, пренесува КСАТ.

Кристен, која била медицинска сестра, остави зад себе пет неутешни деца.

– Таа беше добра личност, многу грижлива – рече нејзината сестра Сузан Долгенер и откри дека страшната вест им ја соопштил детектив.

– Почнав да врескам и истрчав кон мојата соба. Мислам дека никој не е подготвен да ги слушне зборовите „Убиство и самоубиство“, не звучи како да е реално – рекла очајната жена.

Кристијан Гонзалес, најстариот син на убиената Кристен, изјави дека неговата мајка е многу емпатична личност и дека тоа е страшна трагедија.

– Ужасно е затоа што тој им ја одзеде мајката на децата, се чувствувам згрозено, не можам ни да замислам како се чувствуваат моите помали браќа и сестри.

Членовите на семејството рекле дека парот не бил во врска долго време, но дека ништо не сугерирало на тоа дека се случува какво било насилство.

Loading...

– Последен пат кога се слушнавме, звучеше многу среќно, сакаше да ме запознае со своето момче – изјави Кристијан.

– Мислите дека луѓето што ги сакате секогаш ќе бидат таму, немате идеја дека вакво нешто може да се случи – рече тој и додаде дека е важно да го цениме секој момент со најблиските затоа што никогаш не знаеме дали и кога некој ќе ги земе далеку од нас.

Тој додаде дека ги разбираат и чувствата на семејството на убиецот, бидејќи тие исто така мораат да живеат со она што тој го сторил.

Leave a Reply