Страшни снимки од уништувањето на Мариупол, делови срамнети со земја (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мариупол е стратешки пристанишен град лоциран во регионот на Доњецк, чии делови се под контрола на сепаратистите поддржани од Москва и руските сили.

Loading...

Ситуацијата во Мариупол е критична и се заканува со хуманитарна катастрофа.

 

 

Жителите кои го напуштија опколениот град за невладината организација Human Rights Watch ја опишаа ситуацијата како „леден пекол, со улици преполни со трупови и остатоци од уништени згради“ каде што „илјадници луѓе се отсечени од светот“, скриени во подруми без вода, храна, електрична енергија и комуникации“.

Објавени се нови сателитски снимки од Maxar Technologies кои покажуваат дека цели градски блокови во центарот на Мариупол се збришани – ниво на уништување што досега не беше забележано во опколениот украински град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите со крстосувачки ракети од бомбардери го напднаа Киев

 

Loading...

 

Сликите го потврдуваат она што го собраа сензорните сателитски податоци на НАСА: десетици експлозии се случија во и околу Мариупол.

Украина соопшти дека стравува дека околу 300 луѓе биле убиени во само еден напад кога театарот во Мариупол беше бомбардиран на 16-ти март.

 

 

Нападите на Русија врз Мариупол се „злосторство против човештвото“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред данските пратеници.

Loading...

„Она што руските војници го прават во Мариупол е злосторство против човештвото кое се случува пред очите на целиот свет“, рече Зеленски во обраќањето пред данскиот парламент преку видео врска.

 

 

Тој ја обвини руската армија за намерно бомбардирање на цивилни засолништа во градот, додавајќи дека „тие многу добро знаат дека таму се кријат жени, деца и постари лица“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест