Повеќе од 80 лица, меѓу кои и деца, се повредени денеска во верижен судар во кој учествувале три училишни автобуси на автопатот источно од главниот град на Јужна Кореја, Сеул, соопштија претставниците на противпожарната служба.
Loading...
Официјални лица соопштија дека три лица, меѓу кои двајца студенти, се тешко повредени во судирот, објави Ројтерс.
Во автобусите се превезувале 75 средношколци и нивните професори кога се случила несреќата во округот Хонгчеон, провинцијата Гангвон, соопшти Националниот штаб за пожари.