Странски државјани почнаа да ја напуштаат Газа

Сподели со своите пријатели

Десетици странски државјани почнаа да го напуштаат Појасот Газа преку граничниот премин Рафа, кој беше отворен за прв пат по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинската милитантна група Хамас.

Loading...

Помеѓу 400 и 500 луѓе се очекува да ја напуштат Газа денеска, пишува The Times of Israel.

На египетската страна има голем број амбулантни возила кои ги чекаат повредените Палестинци на кои исто така им е дозволено да го напуштат Појасот Газа.

Некои медиуми објавија дека Египет гради теренска болница долж границата со Појасот Газа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  HRW предупредува дека присилното раселување на населението од Газа е воено злосторство