Група чешки државјани била приведена вчера поради неовластено снимање со дрон на браната во Општина Липково од каде со вода се снабдува Куманово.
Loading...
– На 18.07.2025 година во 16,30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода шест државјани на Република Чешка на возраст од 30 до 40 години. Тие биле затекнати кај браната во општина Липково како неовластено снимаат со дрон, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, сите биле приведени во полициска станица, известен е надлежен ЈО, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски