Силниот снег и ниските температури ја зафатија цела Европа од Велика Британија до Балканот.
Поради ниските температури затворени се училишта низ повеќе држави, додека починати се неколку лица, пренесува АП.
Во Велика Британија, каде зимскиот бран наречен „Ѕверот од истокот“, метеоролозите издадоа предупредување за Шкотска за снег и силни ветрови кои би можеле да нанесат штета, но и да ги загрозат животите на луѓето.
Летовите на еродромите во Глазгов и Единбург, како и денешните мечево од шкотската Премиер лига се откажани.
Во голем број делови на Велика Британија откажани се и возовите, додека во Лондон имало големи доцнења на метрото.
Службите за реагирање во вонредни ситуации рекле дека многу возачи морале да бидат спасени од заглавените возила. Стотици училишта втор ден по ред се затворени.