Стотици контејнери со кафе заробени во американско пристаниште, работниците штрајкуваат

Сподели со своите пријатели

Растоварувањето на стотици контејнери со увезени зрна кафе на пристаништата на источниот брег на САД е запрено со штрајк на пристанишните работници, што го влошува и онака оскудното снабдување со кафе во земјата.

Loading...

Одложувањата во испораката на увезено кафе до американските потрошувачи би можеле дополнително да ги зголемат цените на зрната кафе, кои минатата недела достигнаа највисоки нивоа во последните неколку години, објави Ројтерс.

Залихите на кафе во САД се на историски најниски нивоа, велат трговците, бидејќи увозниците избегнувале складирање залихи за да ги намалат трошоците за складирање во период на високи каматни стапки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По повеќе од 100 години, Французите ќе можа да се капат во Сена

Околу 45.000 пристанишни работници во 36 пристаништа, членки на Меѓународната асоцијација на шпедитерите, вчераутро почнаа со прекин на работата, откако на полноќ истече постојниот договор меѓу нив и пристаништето, пренесе АП.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави претходно денеска дека е време сопствениците на пристаништата да го решат штрајкот бидејќи тој ја блокира испораката на стоки во САД.