Столтенберг закажа состанок НАТО – Русија: Тема е Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, закажа специјален состанок на амбасадорите на сојузниците и највисоките руски претставници за следната недела, додека двете страни бараат дијалог за да се спречи отворен конфликт околу Украина, изјави во вторникот претставник на НАТО.

Loading...

Загрижени за распоредувањето на руската армија долж украинската граница, западната воена алијанса со месеци бараше состанок меѓу Советот НАТО-Русија, но се чинеше дека тоа нема да се одржи по спорот за шпионажа во октомври.

Состанокот на Советот, формат кој се користи за дијалог од 2002 година, ќе се одржи во Брисел на 12 јануари, откако американските и руските претставници ќе одржат безбедносни разговори на 10 јануари во Женева.

Високиот дипломат на Европската унија, Жозеф Борел, во вторникот отпатува за Украина за да покаже поддршка за Киев, кој се обидува да се приклучи на блокот и НАТО.

Москва сака гаранции дека НАТО ќе го запре ширењето на исток и ќе ја прекине воената соработка со Украина и Грузија, кои имаат територијални спорови со Русија.

Москва, исто така, ги негира тврдењата на САД дека планираат да ја нападнат Украина и го обвинува Киев дека распоредува своја војска на истокот на земјата.